Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СБ на ОН изрази загриженост поради убиството и ранувањето на Палестинци кои чекаа помош во Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации изрази длабока загриженост поради убиството на повеќе од 100 Палестинци и ранетите стотици други додека чекале на ред за хуманитарна помош југозападно од градот Газа.

Членовите на Советот за безбедност синоќа нагласија дека израелската истрага за инцидентот е во тек и ја повторија потребата да се преземат сите неопходни мерки за заштита на цивилите и цивилната инфраструктура во Појасот Газа, објавено е на веб-страницата на ОН.

Советот за безбедност повтори дека сите страни во конфликтот мора да ги почитуваат своите обврски засновани на меѓународното право.

СБ повика цивилите во Појасот Газа да добијат основни услови за живот и испорака на потребната хуманитарна помош во согласност со меѓународното хуманитарно право.

Членките на Советот за безбедност на ОН изразија сериозна загриженост поради проценката дека сите 2,2 милиони луѓе во Појасот Газа ќе се соочат со алармантен недостиг на храна.

Советот за безбедност го повика Израел да ги отвори граничните премини за влез на хуманитарна помош во Појасот Газа и да дозволи отворање на дополнителни премини.

Повеќе од 100 луѓе загинаа, а повеќе од 700 беа повредени кога израелската армија отвори оган врз Палестинци кои чекаа ред за храна, соопшти претходно Хамас.

Зачлени се на нашиот е-билтен