– Украинската Служба за безбедност (СБУ) погодила руска радарска станица со долг дострел во регионот Брјанск, од која се следела ситуацијата на небото до 700 километри во територијата на Украина, јавија украинските медиуми, цитирајќи извор од СБУ.
-Русите сега имаат еден модернизиран комплекс Небо-У помалку, што му помогна на непријателот да открие украинско оружје и ги поддржа бомбардерите кои ја напаѓаат пограничната област на Украина со наведувани проектили, рече изворот, цитиран од украинската агенција Униан.
Тој додаде дека радарот е вреден 100 милиони долари и дека го погодиле седум дронови.
Агенцијата наведува дека ова е втор комплекс Небо-У уништен од СБУ, и дека е прв уништен во рускиот Белгородски регион.