„Познато е дека токму Тошковски го вработи разрешениот судија Лазар Нанев, во МВР пред еден месец, како инспектор во Кавадарци.И покрај тоа што се води кривична постапка против разрешниот Нанев“, велат д СДСМ.

Опозициската партија му порача на ВМРО ДПМНЕ да го праша Тошковски зошто го вработи разрешниот Лазар Нанев во МВР?
„Што му должи? Дали Нанев одработувал за Панче? По кој основ го вработил во МВР од невладина организација?“, посочуваат од СДСМ.
СДСМ му препорачува на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш да повика на одговорност.
„Наместо да шири лаги ВМРО-ДПМНЕ да ја разреши в.д. директорката Ана Михајлов, а Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ да обезбеди процесуирање на сите инволвирани лица“, велат од СДСМ.