СДСМ: Дали Симе од сликите со Мицкоски е поврзан со дрогата од 5 тони? (ФОТО)

Од СДСМ прашуваат 'Дали лицето С.З., познат како Симе, кој е на сликите во друштво со Мицкоски е поврзан со дрогата од 5 тони? Тоа ли е причината што се молчи за овој картелски скандал'?

Од СДСМ ја прашуваат власта, ‘зошто со денови нема одговор за поврзаноста на Мицкоски со Симе, криминалец уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари’.

Опозициската партија тврди дека постои цел албум со фотографии на Мицкоски во друштво на Симе, и видео како тој пука со автоматска пушка калашников, и на сето тоа ‘сите молчат’.

„Исто како што нема одговор ниту за дрогата од 5 тони запленета во Србија а дошла од Македонија. Особено ако се знае дека уапсените во соседна Србија се функционери и финансиери на сестринската партија на ВМРО – СНС. Нема одговори кој ќе одговара во Македонија, кој се е замешан, каде завршиле парите? Дали дел од фирмите во Македонија имаат некаква врска со финансирање на ВМРО? Сите молчат“, посочуваат од СДСМ.

Тие прашуваат ‘Дали лицето С.З., познат како Симе, кој е на сликите во друштво со Мицкоски е поврзан со дрогата од 5 тони? Тоа ли е причината што се молчи за овој картелски скандал’?

Од СДСМ и со прашање до Латас.

„Кој ги координира акциите за Мицкоски во име на шефот, што пишува по инструкциите од БИА, покрај анти-ЕУ кампањата? Што се прави во кризни ситуации кога нема одговор за Симе и за 5 тони дрога? Да се нападнат СДСМ и Заев или има некој нов пристап? Има ли уште некој нов „д-р Жан“ за дефокус од картелските скандали на власта“, посочуваат од СДСМ

Зачлени се на нашиот е-билтен