СДСМ: Дали Жан Митрев беше кај обвинителот?

СДСМ

Отиде ли Жан Митрев во Обвинителството да поднесе пријава? Или не смее затоа што знае дека ќе одговара кривично за лажно пријавување?

Ова се прашањата за кои СДСМ бара одговори во соопштението до јавноста, откако Жан Митрев отиде само на Алфа ТВ, и изнесе лаги, како што ги оценуваат од партијата, за претседателот Филипче и го снема.

СДСМ смета дека е очигледна единствената цел во рамките на црната кампања и сценариото за јавен линч на претседателот Филипче беше јавно да се фрли лага за измислен „рекет“ и со тоа да се занимава јавноста додека се увезуваат 10.000 странски работници.

„Дефокус. Прашање на време е кога повторно ќе ја активираат и Катица во кампањата, заедно со Боки 13. Доаѓаат мигранти, мора да се мачкаат очите на граѓаните“, укажуваат од оваа опозициска партија.

Затоа, посочуваат од СДСМ, и денеска се објавени повеќе од 200 текстови – дефокус од октоподот Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.

„На ова мора да реагира Јавното обвинителство. Не да се води по медиумскиот линч. Нека го викнат Жан Митрев, да оди во Обвинителството“, порачуваат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен