СДСМ до Љутков: „Подземните води“ се нов политички аргумент во ВМРО-ДПМНЕ, за куќата на Малески

Куќата на Владо Малески не се урна сама. Таа е жртва на негрижа, нестручност и партизација на институциите, велат од СДСМ

Според СДСМ, изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека власта не само што нема стратегија за заштита на културното наследство, туку и нема елементарна координација.

​„Министерот за култура Љутков тврди дека оштетувањата на куќата биле предизвикани од градежни активности на соседна парцела, додека директорката на Управата за заштита на културното наследство, Честоева, пак, открила дека причината е подземна вода“, се вели во соопштението.

​СДСМ иронично забележува дека „подземните води“ стануваат нов политички аргумент во ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога ќе направат штета, барајќи ја вината под земја.

​Напад врз идентитетот и колективното сеќавање

​Партијата потсетува дека Владо Малески е автор на македонската химна и симбол на државноста.

​„Куќата на Владо Малески не се урна сама. Таа е жртва на негрижа, нестручност и партизација на институциите… Рушењето на неговиот дом е напад врз колективното сеќавање на Македонија“, се нагласува во реакцијата.

​СДСМ бара итна и целосна истрага, јасна одговорност од институциите и итна санација на објектот под стручна контрола, со заклучок дека „Културата не е ваша политичка сцена, господине Љутков“.

Зачлени се на нашиот е-билтен