СДСМ до Мицкоски: Со Дрисла управува ВМРО-ДПМНЕ, заеднички со ДУИ

Ниту Христијан Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да побегнат од одговорноста за еколошката катастрофа којашто му се случува на Скопје и труењето на граѓаните поради горењето на депонитте Дрисла и Вардариште.

Токму Даме Димитровски, актуелниот советник на Мицкоски за животна средина во Владата и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управен одбор на Дрисла, https://drisla.mk/organizacziona-struktura/

Претходно ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла, Јане Мицевски, магистер за туризам и менаџмент.
Со депонијата Вардариште пак со децении управуваат градоначалници на ВМРО – ДПМНЕ, како Коце Трајановски, Бобан Стефковски.

ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници пред 4 години ветуваа „затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“. Тимчо Муцунски ветуваше „дислокација на претоварната депонија Вардариште“. Мицкоски и Арсовска ветуваа „зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше „фабрика за селекција на отпад“ во Дрисла.

Денеска ништо од ова не е исполнето.

Вперувањето на прстот кон други е признание на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги исполни ветувањата кон граѓаните туку не мрдна со прст и ги остави скопјани да се трујат.

Центар за комуникации на СДСМ

Зачлени се на нашиот е-билтен