СДСМ: Дојдовме до реалната анкета на ВМРО-ДПМНЕ што покажува незадоволство

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија излезе со тврдење дека дошол до податоци од внатрешна анкета на ВМРО-ДПМНЕ, кои според нив, драстично се разликуваат од оние што опозициската партија ги пласира во јавноста.

Од СДСМ посочуваат дека бројките покажуваат сериозен пад на довербата во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и дека граѓаните се во голема мера незадоволни од работата на нивните градоначалници и локалните власти.

Оваа „реална анкета“, како што ја нарекуваат од владејачката партија, наводно била строго чувана во седиштето на опозицијата поради страв од нарушување на партискиот рејтинг.

Според партиското соопштение, анкетата открива дека мнозинството испитаници не ги поддржуваат блокадите во Собранието и дека постои зголемена поддршка за евроинтеграциските процеси предводени од Владата.

Од СДСМ потенцираат дека разликата меѓу јавните настапи на опозицијата и нивните внатрешни мерења е потврда за манипулативното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Зачлени се на нашиот е-билтен