Го потестуваме новиот Јавен обвинител дека три месеци нема никаква реакција за сериозни скандали и индиции за криминал кои беа јавно објавени од Антикорупцискиот тим на СДСМ, порача денеска на прес-конференција Јон Фрчкоски, член на Ивршниот одбор на СДСМ.
„Овој енергетски „октопод” на Мицкоски има длабоки и широки пипци.
Од Душан Адамовиќ, функционер на СНС, навивач, човек со криминално минато и почесен конзул, преку офшор структури на Кипар води до „Rudnap Group” на Војин Лазаревиќ, а се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.
Потоа мрежата се шири: Во Развојната банка, каде Мицкоски ја поставува Ефимија Димовска, сопруга на неговиот бизнис партнер во хидроцентралите . За секој бизнис потребна е банка. Во РЕК Битола, каде директор станува Иван Куковски, близок до семејството на Мицкоски и поранешен советник на Божиновска. Таму се контролира производството на струја. И конечно – во Регулаторната комисија за енергетика, со изборот на Ацо Ристов каде се носат одлуките за цените. Сите алки се на место: Од производство и увоз на струја, преку финансии, до регулација“ порача Фрчкоски.
Тој додаде дека во СДСМ очекувааат итно постапување, за како што кажа, и за бизнис шемите на Мицкоски во енергетиката.
„Да не чекаме уште три месеци, па повторно да дознаваме апсурди – дека на некого татко не му е татко“ изјави Фрчкоски.
