СДСМ: Николовски да им објасни на граѓаните, зошто неговата партија во 2015 година ја даде концесијата на Казандол и зошто се игнорираа протестите и барањата на локалното население

Социјалдемократите денеска со датуми и факти го разобличија тврдењето на вицепремиерот и минситер за транспорт Алекскандар Николовски дека иако во 2023 година случајот со Казандол бил затворен, новата влада побарала да се отвори повторно, бидејќи како што рече верувале на своите аргументи. СДСМ објави дека власта на ВМРО-ДПМНЕ не работи ништо, Николовски морал денеска да држи прес-конференција за процес завршен само благодарение на СДСМ и на граѓаните.

Еве ги фактите од кои Николовски се обиде да побегне денеска:

1.Владата на ВМРО-ДПМНЕ на 27 февруари 2015 година ја даде концесијата за рудникот „Казандол“ на компанијата „Сардич“. Токму оваа одлука ја отвори вратата на масовно незадоволство и реакции на граѓаните.

2. СДСМ беше на страната на граѓаните за разлика од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2017 година, иницијативата „Спас за Валандово“ ја крена јавноста на нозе, се распишаа и локални референдуми, а граѓаните речиси едногласно гласаа против отворање рудници.
ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници тогаш ги блокираа референдумите и се спротивставија на волјата на народот. Иницијативата да распише локален референдум во Валандово не беше поставена на дневен ред токму поради противење на тогашниот градоначалник Николче Чурлиновски и ВМРО-ДПМНЕ.

3.По масовните протести во Валандово, Богданци и Дојран и јасно изразената волја на граѓаните преку локални референдуми, владата на СДСМ и Зоран Заев го раскина договорот за рудникот „Казандол“ во март 2018 година.

4.Од тогаш, од 2018 година започна постапката со арбитража. Целиот процес е завршен од Владата на СДСМ само одлуката стигнува сега.

Тоа е вистината.

Според СДСМ, Николовски ако сака да зборува за „Казандол“, треба да им објасни на граѓаните: зошто неговата партија во 2015 година ја даде концесијата? Зошто се игнорираа протестите и барањата на локалното население?

СДСМ беше и останува на страната на граѓаните, затоа што токму тие се изборија против „Казандол“. Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на владата на СДСМ, овој рудник не постои.

Зачлени се на нашиот е-билтен