СДСМ: Измеќарите од ЗНАМ на ВМРО-ДПМНЕ не можат да излажат никого

Социјалдемократите ги отфрлаат обвинувањаа од ЗНАМ и посочуваат дека ‘со лажни слики и јалови лаги сателитите на Мицкоски од ЗНАМ нема да го демотивираат и излажат членството на СДСМ, ниту пак граѓаните’.

„ВМРО-ДПМНЕ преку своите сателити како ЗНАМ и луѓе кои заради лични интереси ја напуштија партијата повторно се обидува да прави поделби. Истите кои го делеа СДСМ се обидуваат повторно да одработат за ВМРО-ДПМНЕ и со тоа се надеваат дека Мицкоски ќе им даде некое кандидатско место за локалните избори. Откако Максим Димитриевски и ЗНАМ се фатени во сериозен криминал, сега се обидуваат со лаги за Филипче да печалат некакви поени. Граѓаните и членовите на СДСМ знаат која е нивната улога во политиката како измеќари на ВМРО-ДПМНЕ, со една цел да ја напаѓаат СДСМ“, велат од опозициската партија.

Зачлени се на нашиот е-билтен