СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ штанца лаги за да го сокрие крахот на Владата со пожарите, заедно со Мицкоски тие се единствените виновници

СДСМ обивнува дека додека државата гори, а македонските шуми, пасишта, полиња се претвораат во пепел, ВМРО-ДПМНЕ од белата палатлла штанца лаги за да го сокрие крахот на Владата со пожарите.

„Прво беа скакулците криви, кравите, СДСМ, Заев, утре ќе измислат некој друг. Очајни, бедни обиди за дефокус и тоа со истиот лик Миле Лефков. Вистината е лесно проверлива: лицето што го споменуваат никогаш не бил личен шофер на Зоран Заев ниту пак телохранител. Не можат да организираат итна интервенција на терен и да ги изгасат пожарите, па организираат лаги. Единствени виновни за пожарите се ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се неспособни“, велат од СДСМ.

Изгоре над 20% од територијата на државата. Нема нови возила, нема опрема, нема пожарникари, нема авиони. Има само лаги, прес-конференции и луксузни патувања.

Додека пожарите јадат шуми и домови, тие трошат народни пари на морски плодови, егзотично овошје и приватни авиони. Додека граѓаните гасат пожари со кофи и лопати, владата на ВМРО-ДПМНЕ троши милиони на телефони, ама нема денар за спасување животи и имот.

Граѓаните гледаат сè. Знаат дека државата е оставена сама токму кога ѝ е најтешко.

Уште колку земја треба да изгори за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ конечно да преземат одговорност?

Зачлени се на нашиот е-билтен