СДСМ јавно ја објави Резолуцијата за мигрантите

СДСМ денеска јавно ја објави Предлог резолуцијата за прашањето со прием на мигранти од Велика Британија.

Документот во седум точки насловен како Предлог-Резолуција за заштита на државните интереси и спречување на екстернализација на постапките за азил од трети земји на територијата на Република Северна Македонија е објавен на сајтот на партијата.

Во предлог документот СДСМ предлага меѓуд другото да се усвои дека се забранува прием на депортирани лица од трети земји, дека државата нема капацитети за социјална кохезија и дека е потребна усогласеност со ЕУ, а не билатерални експерименти

Од СДСМ преку соопштение бараат од ВМРО-ДПМНЕ да кажат јасно и недвосмислено дали се согласуваат со неа или не.

„Да не биде повторно дека не добиле, не виделе, не слушнале. Одговорете: Дали ќе ја потпишете. Кратко и јасно: ДА или НЕ?“ наведуваат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен