СДСМ: Каква ароганција и расипништво, Љутков повеќе е во странство отколку на своето работно место

Социјалдемократите реагираат на честите прошетки на министерот за култура, Зоран Љутков. Од таму велат дека од Осака па до Венеција, министерот постојано е на пат, и дека повеќе е во странство отколку на своето работно место.

„Додека над 3.000 културни работници беа во неизвеснот чекајќи ја својата мартовска плата, министерот за култура Зоран Љутков не се задржа ниту еден ден во своето министерство. Во моментите кога вработените во културата протестираа пред Министерството, заборавени и игнорирани, Љутков позира на други континенти додека дома културата доживува финансиски колапс. Ова не е културна политика. Ова е културна деградација“, веалат од СДСМ.

Опозициската партија посочува дека ‘Ова е ароганција и расипништво со партите на граѓаните’.

„Културата не е декор за туристичко позирање. Таа е жив систем кој бара посветеност, почит и вистинска грижа. Додека Љутков патува, народот плаќа. Прашањето е: колку чинат екскурзиите на Љутков? Зарем вредат патувањата во странство повеќе од тоа да се работи дома за да се решат проблемите во културата“, прашуваат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен