СДСМ: Кочоска се лаже ако мисли на времето за да се заборави нејзината ароганција, жените ја памтат дискриминацијата

Социјалдемократскиот сојуз остро реагира на последната изјава на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска дека нема намера да се извини за дискриминаторскиот однос кон пратеничката Славјанка Петровска.

Од таму посочуваат дека наместо да се извини и да си даде оставка за навредите и дискриминацијата, Димитриеска Кочоска продолжува со својот аргоантен однос, со нови навреди.

„Дури Кочоска денеска упатува и заканувачки пораки демек времето ќе покажело. Покажа времето, Кочовска сите ја слишнаа како навредува и дискриминира жени. Се лаже Кочоска ако мисли на времето за да се заборави нејзината ароганција, нејзините навредливи и дискриминаторски изјави кон жена. Две недели зборува на дрзок и манипулативен начин. Кочоска го понижи целиот женски род и тоа ќе остане запаметено“, велат во СДСМ.

Според нив министерката покажа целосно непочитување кон жените кои немаат или не можат да имаат деца, кон граѓаните кои секојдневно се борат со зголемените трошоци, и кон јавноста која очекува барем малку одговорност од еден министер.

„Жално е што токму во овој месец кога се одележува Меѓународниот ден на жената, нема никакво чувство за почит кон женте, нема доблест да признае грешка, да се извини и даде оставка“, велат во СДСМ.

Од друга страна министерката Димитриеска Кочовска, и по жестоките реакции од јавноста, кога од собраниската говорница на пратеничката Петровска и порача: „Со кое право ги става во уста мајките и како знае колку троши едно семејство кога нема деца“, и денеска рече дека нема да се извини.

„Наскоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа овие работи“, вели министерката за економија, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Министерката за економија денеска уште еднаш повтори дека за неа веќе е затворено прашањето поврзано со Петровска во Собранието минатиот четврток. Вели би се извинила ако згрешила, но воопшто немало таква намера, да навреди, туку говорела за трошоците за живот. 

„Жалам што имаше таков дефокус во однос на тоа што јас го кажав од говороницата и како беше интерпретирано. Неколку пати повикав на тоа луѓето да ја ислушаат целата комуникација во Собранието и самите да носат заклучоци“, рече Димитриеска-Кочоска. 

Зачлени се на нашиот е-билтен