СДСМ: Македонија во ист ранг со Сомалија со прекинувањето на визи

СДСМ реагираше дека одлуката на САД да ја паузира обработката на визи за 75 земји ја става Македонија „во периметар“ со држави како Сомалија и Сирија, оценувајќи дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ја довело земјата до ваков статус. Реакцијата е објавена вечерва, 14 јануари 2026 година.

Во соопштението, СДСМ наведува дека од 21 јануари САД ќе ја прекинат обработката на визите за 75 земји и дека Македонија е вклучена на списокот, повикувајќи се на објави во американски и светски медиуми.

Според Associated Press и Reuters, мерката се однесува на обработката на имигрантски визи (за трајна преселба), а не на неимигрантски визи како туристички и бизнис-визи. Паузата треба да започне на 21 јануари, додека Стејт департментот прави преоценка на процедурите поврзани со критериумот „public charge“ – проценка дали апликантите би можеле да станат товар на системот на јавни бенефиции во САД.

На списокот што го објави AP е наведена и „Macedonia“, заедно со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, како и земји како Русија, Иран, Авганистан, Нигерија и Сомалија.

Зачлени се на нашиот е-билтен