Наместо да ги прифати мерките на СДСМ Владата на Мицкоски задоцни и носи половични решенија кои не даваат резултат, реагираат од опозициската партија.
Оттаму велат дека ова е трето поскапување на цената на дизелот во Македонија или во изминатите 3 недели поскапе за 38%, од 71 денар на сегашните 98 денари за литар.
„Секое ново покачување на цената на дизелот повлекува нов бран поскапувања, што значи дека граѓаните повторно ќе ја плаќаат цената на неспособниoт Мицкоски.
СДСМ со недели предупредува дека растот на цените на горивата ќе предизвика домино ефект врз економијата и животниот стандард. Тоа и се случи.
Сè е веќе поскапено, сите основни прехранбени продукти се поскапени, од млечни производи, јајца, зејтин, месо, овошје, зеленчук, токму пред Велигден. Сега ниту 600 евра не е доволна за граѓаните да го шреживеат месецот кои се празни џебови и празни фрижидери“ се вели во реакцијата на СДСМ.