СДСМ: Тошковски да не прави дефокус, тој го даде милионскиот тендер на фирма на советник на ДПМНЕ

Социјалдемократите со обвинувања до министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, дека дели скандалозни тендери во МВР за милионски бизниси на фирма зад која стои советник на ВМРО ДПМНЕ.

Неумесно е велат од СДСМ што Тошковски и за тоа најде да го обвини СДСМ. Од опозициската партија го прашуваат Тошковски “Дали се слуша што зборува, или пак дека е фатен жив нема како да се одбрани“.

Од таму тврдат дека изјавите на Панче Тошковски се комични бидејќи зад „Супер возач“ стои советник од ВМРО ДПМНЕ, кој со амин од првиот полицаец, пред три месеци доби лиценца од МВР.

„Тоа што има забрана за работа од 30 дена поради серија нерегуларности само ги продлабочува скандалот кој смрди на корупција. Како го добила тендерот фирмата ако не исполнувала услови? Ова е класичен пример за корупција и делење тендери по вмровски шеми. Јасно е како ден дека за милионскиот скандал вината е кај Панче Тошковски и никој друг. Обвинувањата кон СДСМ од Тошковски се несмасен обид за дефокус од неговите криминални скандали кои го тресат МВР секој ден“, велат од СДСМ.

СДСМ бара расчистување на скандалот и одговорност која мора да започне од Тошковски.

Зачлени се на нашиот е-билтен