Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ најави собир на наставници и просветни работници пред МОН

Под слоганот „Нема оправдување – Покачете ги платите!“, СДСМ, преку Комисијата за образование за утре, на 1 септември, организира собир на наставници и просветни работници.

Собир, којшто е закажан да започне во 11.30 часот, ќе биде организиран пред Министерството за образование и наука и има за цела да го искаже револтот од погрешните политики во образованието од страна на владата на Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска.

„Заедно да го искажеме незадоволството и да го кренеме гласот, да извршиме притисок врз власта да ги промени погрешните политики“, апелираат од СДСМ во повикот за собирот.

Зачлени се на нашиот е-билтен