СДСМ не дава никаква поддршка за Сотир Лукровски!

СДСМ вечерва на социјалните мрежи се обрати во оснос на шпекулациите дека даваат поддршка на Луровски во Карпош во вториот круг.

„Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсовa со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски се било каква поддршка од СДСМ за Лукровски. СДСМ апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против кој се бореше партијата во првиот круг. СДСМ ќе побара објаснување од Маја Мојсова за фотографијата.“ стои во соопштението од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен