СДСМ: Нема поголем предавник врз сопствениот народ од Мицкоски кој за една година ги задолжи граѓаните со над 7 милијарди евра, ја намали минималната плата…

Социјалдемократите денеска му порачаа на Мицкоски дека и понатаму продолжува ‘како расипана плоча’, при што нема одговор на ниту едно прашање

„Христијан Мицкоски продолжува да зборува како расипана плоча – без одговор на клучните прашања, без реален контакт со животот на граѓаните. Врховизмот е врв на кодошлакот и предавство на сопствениот народ и од тоа не може да побегне. Нема поголем предавник од човек кој за една година ги задолжи граѓаните со над 7 милијарди евра, ја намали минималната плата и го доведе стандардот на најниско ниво во Европа, а тој да се луксузира со приватни авиони, да јаде папаја и манго, да се шета по најскапите хотели во светот на сметка на народот“, велат од СДСМ.

Според СДСМ, ‘поголемо предавство од ова врз сопствениот народ – нема’.

„И нема потреба од некакви пораки, граѓаните секој ден го живеат резултатот од неговите погрешни политики: поскап и потежок живот, несигурност, помалку пари. Разбираме дека Мицкоски е навикнат само на ПР и со штанцање лаги да го покрива сопствениот неуспех, но ќе дојде време кога ќе разбере дека живее во огормен меур, во паралелен Универзум и не гледа колку животот на граѓаните од ден на ден станува потежок“, велат од опозициската партија.

Од таму му порачаа на Мицкоски дека животот на граѓаните не се подобрува со лаги, туку со работа, ‘а тоа е нешто што Мицкоски очигледно не го знае и не може да го испорача’.

Зачлени се на нашиот е-билтен