СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане

Опозициската паратија смета дека без техничка влада не може да има праведни избори, бидејќи ќе нема контролен механизам со што и ќе нема фер избори.

СДСМ со остра реакција за намерите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски да ја укине техничкатка влада. Според нив споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Од таму додаваат дека никаде во Европа ‘нема ваква корумпирана влада’.

„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем. Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството. Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери“, велат од СДСМ.

Опозициската паратија смета дека без техничка влада не може да има праведни избори, бидејќи ќе нема контролен механизам со што и ќе нема фер избори. Затоа според нив техничката влада мора да остане.

Зачлени се на нашиот е-билтен