Од СДСМ порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е фатена во криминал до гуше и дека еден ден ќе одговара за тоа.
„Новите бомби ја стресоа владата на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон. Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица. Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена“, велат од СДСМ.
Според нив на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски џабе му се заканите, џабе и монтираните процеси, бидејќи не се плашат.
„Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите. Новите бомби се спремни. Имаме докази за вашиот криминал и се ќе објавиме. А на крај ќе одговарате. Работата се уште не е завршена“, велат од СДСМ.

