СДСМ објави фотографија на која се гледа командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, а кој Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово.
Социјалдемократите го прашуваат Тошковски – ЗОШТО?

„Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој секој ден држеше прес конфереции се јави ли? Зошто го нема да одржи некоја прес конференција, да го повика на одговорност Панче Тошковски? Или и тој како Мицкоски се прави на Тошо?“, велат од СДСМ.