Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ открива: Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев

Случајот со подарокот од 325.000 евра за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии.

СДСМ денеска објави нови информации и детали со документи кои треба да ги истражат надлежните институции, Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција.

СДСМ ја објави фотографија со фамозниот имот кој бил поклонет на Јанушев, вреден 325.000 евра. Според опозициската партија, имотот е составен дел оваа зграда, во најстрогиот дел од Центарот на Скопје.

СДСМ тврди дека имот во оваа зграда, покрај Јанушев, има и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и ги приложува и имотните листови:

Според имтоните листови што ги приложува СДСМ, Тошковски во зградата која е дел од шемата за поклонетиот имот на Јанушев има имот од над 200 квадрати, стан од 146 метри кавдратни и деловни простории од 46 метри квадратни. Вкупната пазарна вредност на овој имот е над 400.000 евра.

За СДСМ, овој случај ужасно потсетува на една друга зграда, каде порано имаа станови неколку високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои беа стекнати на многу сомнителен начин.

СДСМ и понатаму ги прашуваме Тошковски и ДКСК дали е пријавен овој имот во анкетниот лист? Зошто неговиот анкетен лист не е достапен за јавноста?

За СДСМ клучно и најважно прашање е како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски? Каков заеднички бизнис имале овие двајца? Дали преку шема на давање подароци овие двајца прикриваат некаква бизнис зделка која јавноста не треба да ја знае? Имаат ли скриени бизниси кои на крај завршуваат со подароци во имоти вредни над 300 илјади евра?

Зачлени се на нашиот е-билтен