СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

СДСМ најостро се спротивставува на ваквите тајни договори и бара премиерот веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори јавно: дали за неколку милиони евра подготвува да ја претвори Македонија во најголемиот мигрантски центар на Балканот?

СДСМ со остра реакција за информацијата која ја пренсуваат британските весници дека премиерот Христијан Мицкоски преговара со бртианскиот премиер Кир Стармер за отворање на мигрантски кампови на македонско тло.

Од таму посочуваат дека денеска „Тајмс“, еден од најреномираните британски медиуми, објавил дека Владата на Мицкоски официјално преговара со Велика Британија за отворање мигрантски кампови во Македонија!

„Предавникот Мицкоски, кој се колнеше во татковина и викаше дека „шанса нема“ да има кампови, преговара да ја направи Македонија депонија за мигранти. Со ова предавство државата станува отпадна периферија на Европа. Според текстот, разговорите почнале уште во раната есен, во период кога Мицкоски во земјата глумеше патриот и уверуваше дека нема да се отвораат кампови. За секој примен мигрант, Мицкоски и владата ќе добиваат пари од Британија. Тоа значи дека Мицкоски ја продава државата, ја претвора во мигрантски логор за ситни пари. Ова е трговија со суверенитетот, со безбедноста и со иднината на нашите граѓани“, велат од СДСМ.

Според опозициската партија уште пострашно е што, според „Тајмс“, мигрантите ќе имаат можност да бараат азил и да работат во Македонија, бидејќи ова значи дека владата планира трајно населување и отворање на пазарот на труд за мигранти во градежништвото и други гранки.

„Истата таа ВМРО–ДПМНЕ која собираше потписи и организираше протести против „измислени мигрантски кампови“ сега ја спроведува вистинската шема за нивно отворање. Ова ли е патриотизмот, Мицкоски? Од денес ти си предавникот на македонскиот народ, трговец кој ги продава граѓаните и безбедноста затоа што му требаат пари. Зад завесите се случува најголемата политичка перверзија и предавство во историјата на државата. Граѓаните мора да знаат: ова е прашање за опстанокот на државата. Мицкоски ја стави Македонија на продажба, ја претвора во мигрантска периферна зона на Балканот, земја без контрола, без достоинство и без иднина“,велат од СДСМ.

Од партијата велат дека СДСМ најостро се спротивставува на ваквите тајни договори и бара премиерот веднаш да ја објави целата содржина на разговорите со Британија и да одговори јавно: дали за неколку милиони евра подготвува да ја претвори Македонија во најголемиот мигрантски центар на Балканот?

Зачлени се на нашиот е-билтен