Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ е против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во општините


СДСМ нема да поддржи етнички поделби во науката и категорично ќе се спротивстави на идеите кои ги промовираат и ги туркаат коалициските партнери во власта на чело со ВЛЕН. Категорично сме против формирање на паралелна Академија за науки и уметности затоа што тоа значи етнизација на науката и создавање етнички институции, немасто институции за сите граѓани, истакна денеска на прес конференција пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески.

Тоа што го промовира ВЛЕН, рече Трајчулески, служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и нашето мултиетничко општеството.

„Оваа идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици од причина што МАНУ е и треба да остане институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. Науката ниту треба да се партизира ниту да се етнизира и злоупотребува во дневно политички цели и потреби“, оцени пратеникот на СДСМ.

Тој рече дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите и со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои најавуваат дека имаат намера да го финансираат овој проект со пари на граѓаните.

„Општините се на сите граѓани, буџетот е од сите граѓани и треба да биде за сите граѓани, да се инвестира во решавање на проблемите а не во создавање поделби и тензии. Најавуваме дека советниците на СДСМ во овие општини нема да го поддржат Буџетот за наредната 2025 година“, нагласи Митко Трајчулески од СДСМ.

Тој ги повикуваме и останатите политички партии да се приклучат, особено советниците од ВМРО-ДПМНЕ и рече дека доколку тоа не го направат, ВМРО-ДПМНЕ ќе стане директен поддржувач и соучесник во оваа иницијатива.

Зачлени се на нашиот е-билтен