Ви резимето на денешниот ден СДСМ истакнува:
1. Фронт за правда, СДСМ поднесе иницитија до Уставен суд и бара укинување на срамната Резолуција на ДПМНЕ – ЗНАМ со која се гуши демократијата и слободата на говор. Уставниот суд има обврска да го заштити Уставот, слободата и правата на граѓаните.
2. ЗНМ потврди: Бранко Героски го прекрши Кодексот на новинарите со навредите кон претседателот Филипче. Ова е само мал дел од мноштвото секојдневни примери за тоа како се злоупотребуваат одредени медиуми за лична пресметка со претседателот Филипче, како се води интензивна црна кампања против СДСМ.
3. Измените на Законот за странци во септември оваа година се нов доказ за вистината. Што е клучно во овие измени? Олеснување на постапките за добивање на дозвола за привремен престој на странец по основ на вработување особено за оне кои работат на стратешки проекти и доколку има стратешки партер. За кого? На граѓаните им е многу јасно.
4. САД највуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие? граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Сите политиките им се исти. Мицко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“ Вучиќ.
5. Случај Катица, три години затвор ги заменија за три месеци кампања. Copy-paste на моделот на српските пропагандни шеми. Таквата улога во Србија ја имаше Дијана Хркаловиќ, а денес во Македонија ја преземаат Катица Јанева и Боки 13.
6. Поделба во ДПМНЕ – не сакаат сите криминал, корупција и изолација. Поранешниот министер за финансии од ДПМНЕ, Кирил Миноски, во своја јавна објава остро го критикува економскиот и општествениот модел што денес го има Македонија.
7. Излитен старо/нов дефокус на ДПМНЕ! Секоја конструкција креирана во кујните на ДПМНЕ, е продолжение на нивната кампања за дефокусирање на јавноста од главната тема – „мигранти за пари“.