СДСМ: Се распаѓа ЗНАМ, сателит партијата на ВМРО-ОКГ

СДСМ

Во денешното соопштение на СДСМ се истакнува дека е очигледен доказот зошто ВМРО-ОКГ не сака да ги објави резултатите од анкетата што ја правеле, каде се гледа историски пад на ВМРО и веќе тотално непостоење на ЗНАМ.

Во реакцијата што ја пренесуваме целосно СДСМ посочува што е заедничко за ЗНАМ и ВМРО-ОКГ:

Мицко ги излажа своите гласачи за името, Максо ги излажа своите дека се независни и дека ќе бидат коректив на власта.

Тие се „тендер коалиција“ – и едните и другите сакаат тендери. 

Ниту Максо ниту Мицкоски не работат за плата. 

И едниот и другиот имаат ист газда. 

Нема политика, само приватен бизнис.

Едниот ја издаде партијата, другиот државата. 

И двајцата удираат врз СДСМ – Максо преку Српска лига, ВМРО преку „Платформа“. 

Имаат свои играчи – едниот Богдановиќ, другиот Шилегов. 

Што најмногу ги поврзува – ЛАГА!

Народот сега сè гледа, лагите повеќе не поминуваат!

Зачлени се на нашиот е-билтен