СДСМ: Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан на Мицкоски и ДПМНЕ

Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител, Груевски

Социјалдемократите преку соопштение за јавност информираат дека скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат ‘криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта’.

„Тоа е моделот на Груевски кој јавноста го слушна во бомбите а Мицкоски само го спроведува истиот систем на неговиот ментор и учител. A на виделина излезе и друга поврзаност, вториот вработен во фирмата е човек поврзан со УБК на Мијалков и со уништувањето на опремата за масовно прислушување. И токму такво лице денеска, под власта на Мицкоски, повторно се појавува во сред скандал.Исти методи, исти шеми, исти луѓе, милионски тендери со единствена цел, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта. Крадењето мора да запре. За новите бомби инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законот. Работата сè уште не е завршена“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен