СДСМ со прашање до Стоилковиќ и Мицкоски

Опозициската СДСМ преку соопштение за јавност денеска реагира на интервјуто на вицепремиерот во македонската Влада Иван Стоилковиќ кој го цитираше српскиот претседател Вучиќ

„Најблискиот соработник на Мицкоски и негов заменик во Владата, Иван Стоилковиќ, во интервју ја цитира изјавата на Александар Вучиќ дека е одлична идеја целиот Балкан да влезе заедно во Европската унија, оценувајќи дека таквиот пристап е рационален и корисен за регионот. Идејата сама по себе би била одлична доколку е возможна“ се наведува во соопштението.

Од СДСМ упатуваат и едно логично прашање за Стоилковиќ и премиерот Христијан Мицкоски кои според нив, ја запираат интеграцијата на Македонија:

„Ве молиме да ни објасните зошто веќе следниот ден по таа изјава Вучиќ соопшти дека нема да присуствува на состанокот во Брисел, во организација на Европската унија?“ прашуваат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен