СДСМ со тешки обвинувања на адресата на Белата палата: „ВМРО-ДПМНЕ започна со режимските практики пред избори“

Кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка е срамен притисок и црна кампања на власта против успешните градоначалници на СДСМ.

Генералнито секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска објави дека ВМРО-ДПМНЕ знае дека не може да победи во Крива Паланка, па затоа не им останува ништо друго освен да ги вклучат механизмите за притисок и монтиран прогон.

„Режимот се враќа – граѓаните не смеат да подлегнат на овие злоупотреби, туку силно да одговорат на избори против старите режимски методи на власта. Но ова не е изолиран случај. Во сите општини каде што раководи СДСМ, започната е инструментализирана кампања за притисок од сите можни институции. Се вршат инспекции и се измислуваат прекршоци, а во другите општини со кои раководат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ништо не се проверува и нема инспекции. Додека Тошковски срамно го брани криминалот на Висар Ганиу од 225 милиони евра, на оние кои чесно работат им измислува кривични пријави за да врши терор и заплашување. Тошковски и Мицкоски мижат пред криминалот на ВЛЕН молчат за десетици скандали со местени тендери кои ги објави за нивните градоначалници, но измислуваат криминал кај СДСМ и нашите кандидати“, рече Димитриевиќ.

Според Димитриевиќ, ова е удар врз демократијата, слободата и правниот поредок!

„Тошковски треба да се срами што извршува вакви партиски задачи и што го злоупотребува МВР за партиски цели. Кога ВМРО-ДПМНЕ не знае како да се спротивстави и знае дека ќе изгуби, тогаш не бира средства – уништуваат семејства, газат по законот и заплашуваат. Но, ова ќе им се удри од глава, а во Крива Паланка и во други општини ќе бидат поразени“, рече Димитриевиќ.

Тој директно да им се обратам на членовите и функционерите. ‘Не смееме и нема да потклекнеме пред овие закани!’

„Ваквиот режим еднаш го преживеавме и победивме со упорност и со борба, со чесна работа и истрајност. Сега е потребно да се спротиставиме со цела сила, со фактите и вистината и граѓаните ќе препознаат кој е чесен, а кој режимски инструиран политичар! СДСМ ќе продолжи да го разткрива режимскиот карактер на оваа власт кој само продолжува онаму каде што Груевски застана“, рече Димитриевиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен