Социјалдемократскиот сојуз реагира на предлогот на премиерот Христијан Мицкоски да се укине техничката влада. Од таму велат дека техничката влаа мора да остане затоа што таа е последната линија на одбрана од целосна злоупотреба на најважното – слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес.
„Власта не ја сака техничката влада затоа што со влез на министер од опозицијата се отвора увид во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем – за нив тоа значи отворање на Пандорината кутија. Техничката влада е институционално вето, контролен механизам против воспоставување авторитарен режим и единствена шанса за чесни, фер и демократски избори“, велат од СДСМ.
Според нив, Мицкоси и ДПМНЕ не сакаат дијалог затоа што им треба алиби, покритие за нивното сценарио кое СДСМ веќе го разобличи. ‘Избори, а потоа мигранти, зад што се крие обид за бегство од одговорноста за криминалот и корупцијата’.
„Ова е единствената причина за којашто Македонија се држи изолирана и надвор од ЕУ.
Подадената рака ја прифати ЗНАМ. Нив ги купивте. Затоа и постои тендер коалицијата. „Консензус“ на овој начин не можеме да правиме од две причини: прво, ние не сакаме да ја изолираме Македонија; и второ, не сме на иста страна на законот. Нема подавање рака на криминалци, на криминалците им се знае местото“,велат од СДСМ. .