СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

Социјалдемократите го обвинија кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, дека јавно се пофалил дека во неговиот изборен тим се вбројува и Гоце Станковски, човек осуден за примање поткуп од 9.000 евра.

Од таму велат дека за тој случај, Станковски добил и затворска казна.

„Ова не е само скандал, не е само јасна порака какви луѓе Орце собира околу себе, туку какви вредности застапува и како планира да работи, со корупција, поткуп и криминал. Јавноста знае дека Орце застана целосно зад криминалните дивоградби во Чаир и нивниот коалициски партнер Изет Меџити. Тој е олицетворение на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, на бизнис интересите на елитата која го гази интересот на граѓаните секој ден“, реагираат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека скопјани треба да знаат, дека гласот за Орце е глас за корупцијата, за урбанистичкиот хаос и за криминалниот модел на ВМРО-ДПМНЕ.

Зачлени се на нашиот е-билтен