СДСМ ја информира јавноста за последниот список вработувања во МНАВ. Од таму велат дека прво во оваа институција прво се вработува Атанас Стамнов, човек од Патриотскиот институт на ДПМНЕ, без никакво релевантно искуство во воздушниот сообраќај. Неговата сопруга е Анита Стамнова, директорка на Централниот регистар, што значи дека целото семејство е соодветно вдомено.
„Потоа, братот на претседателот на управниот одбор, Владимир Ристовски, е исто така внатре во партиската шема, активен член на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Карпош. Неговиот брат, Александар Ристовски, неодамна е унапреден во М-НАВ. Понатаму, Горан Јандреовски е член на Надзорниот одбор поставен од ДПМНЕ кој е запаметен во Црна Гора како „најлош менаџер“. Овој пат, наместо бизнис, под негова сенка е воздушниот сообраќај на Македонија“, велат од СДСМ.
Опозициската партија посочува дека стнаува збор за опасна игра на ДПМНЕ со безбедноста на патниците. Секој полет и секое слетување сега минува низ систем каде врските и фамилијарните линии се поважни од знаењето и стручноста. ДПМНЕ го претвора управувањето со небото во ризична партиска авантура.
СДСМ предупредува уште еднаш, итно да се запрат сите овие ваботувања и промоции и да се уважат барањата на синдикатот со цел професионализација на институцијата.