СДСМ: Мицкоски молчи пред криминалот на ВРЕДИ, а ДУИ се недопрени од неговата власт, прва работа што ја направи откако дојде на власт е да го пушти Артан Груби

Социјалдемократите го вперуваат прстот во премиерот Христијан Мицковски и велат дека тој е смешен кога го обвинува СДСМ дека слугува на ДУИ, обидувајќи се на тој начин да го прикрие сопствениот срам.

„Смешен е Мицкоски кога го обвинува СДСМ дека слугува на ДУИ, обидувајќи се на тој начин да го прикрие сопствениот срам. Мицкоски кој како опозициониер тврдеше дека кога ќе дојде на власт ќе расчистел со криминалот на ДУИ, прва работа што направи е да го пушти Артан Груби да избега. За една година власт, ниту еден функционер на ДУИ не е допрен“, велат од СДСМ.

Од таму посочуваат дека во исто време, Мицкоски молчи и за криминалот на својот актуелен партнер Изет Меџити – криминал тежок 225 милиони евра.

„Молчи и го штити за дивоградбите во Чаир, молчи за злоупотребите на Гаши, молчи за скандалите на косовската граница, каде терористи, барани со потерници, слободно поминуваа. Флоскулите му се празни, а граѓаните гледаат и разбираат“, велат од опозициската партија.

Социјалдемократите му порачача да молчи на оваа тема, затоа што за тој да го спаси својот коалициски партнер ги издаде челновите на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани и нема да има ниеден кандидат за градоначалник во западна Македонија.

„Кој сега слугува на ВЛЕН, Мицкоски? Овие лажни политики ти ги препознаваат и твоите членови, но и сите граѓани“, велат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен