СДСМ: Вината за Кочани е во врвот на МВР, бараме оставки од Тошковски и Јанев и кривична одговорност

Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери од власта од одговорност за трагедијата во Кочани. 


Наместо да побараат одговорност од полициските службеници и началници поставени од нив, Тошковски и Мицкоски правеа сè за да ги заштитат.


Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот на БЈБ Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски.


Под притисок од СДСМ и од јавноста, конечно беа отворени постапки против неколку началници во МВР. 


Вистината излезе на виделина. 


Полицијата имала обврска да го затвори објектот кој работелен нелегелно а не да спроведува контроли спротивна на оперативните процедури.


Понатаму полицијата била надлежна за безбедноста, имала законска обврска да спречи внес и употреба на пиротехнички средства, што се покажа дека е главна причина за пожарот.


Јасно е дека одговорноста лежи токму во врвот на МВР. Александар Јанев, по закон и хиерархија е кривично одговорен, а Тошковски ја сноси целата политичка и морална одговорност и затоа треба да поднесе оставка. 


И двајцата мора да се повлечат  за да не ја попречуваат истрагата и да не влијаат.


Без одговорност за раководството на МВР – нема вистинска правда за жртвите и нивните семејства.


СДСМ ќе продолжи да ја бара правдата за Кочани до крај.


Ги повикуваме ОЈО ГОКК и Јавното обвинителство да постапуваат непристрасно и решително – да не се штити ниту еден функционер.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

Зачлени се на нашиот е-билтен