Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Владата лаже дека се исплаќаат субвенции од преходните 4 години, неспособната власт доцни

Владата на Христијан Мицкоски покажа тотална неспособност до тој степен што месец дена по усвојувањето на ребалансот уште не се објавени програмите и не се исплатени субвенциите, реагираат од СДСМ. 

Селективните и нередовни субвенции и долгови кон земјоделците се одлика на времето на ДПМНЕ. Тие тоа го паметат, посочуваат од партијата.

Од СДСМ потсетуваат дека „во 2017, а не денес, субвенциите за земјоделците се исплаќаа на два дена пред избори и се доцнеше 4, 5 па и 6 години. Пример во 2017, Владата на СДСМ исплаќаше субвенции и огромни долгови за 2012 и 2013 година“.

„Лага е дека ќе се исплаќаат субвенции од претходните 4 години.  Денес, со една милијарда од ребалансот нема да се исплаќаат долгови за претходни години туку субвенции по тековни барања од 2023 година“ се потенцира во реакцијата. 

СДСМ ја повика Агенцијата задолжена за исплата јавно да ги објави и да информира за која програма, односно година, се потрошени парите од овој ребаланс.

Зачлени се на нашиот е-билтен