Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: ВМРО-ДПМЕ покажува сервилност кон Вреди и го урнисува и партизира обраозванието

„Со кршење на Деловникот и собраниските процедури ДПМНЕ уште еднаш ја покажа својата сервилност кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Најпрво со повлекување на Законот за средно образование а овој пат преку итната промена на Законот за просветна инспекција, спротивно на Деловник,  овозможувајќи му на својот коалиционен партнер да назначи свој кадар кој ќе ги спроведува наредбите на Јанеска штитејќи ги партиски подобните  на ДПМНЕ“ обвини Розалија Ангеловска од комисијата за образоваине на СДСМ на прес-конференција.

Таа додаде дека ваквата партизација е на штета на образованието и дека од биографијата на ВД директорот на Државниот пазарен инспекторат Шабан Алајбегу може да се види дека тој нема педагошко искуство во воспитание и образование, туку дека работел како секретар во училиште, позиција која е административен кадар.

„Со измената на Законот за просветна инспекција очигледно е дека кандидатот за директор на Државен просветен инспекторат на ДПМНЕ и ВРЕДИ нема познавање на  англискиот јазик и не може да се стекне со соодветен меѓународно признат сертификат, па му се овозможува на сила,  да се стекне со потврда на полесен и поедноставен начин во институции каде владеачката коалиција може да влијае“ рече Ангеловска.

Според неа ВМРО-ДПМНЕ со овие измени повторно го урнисува образованието, брутално го партизира и овозможува вдомување партиски кадри на битни раководни позиции за ВРЕДИ сега, а во иднина и за свои некомпетентни кадри.

„ДПМНЕ наместо да стави акцент за целосна примена  и функционалност на законите продолжува кон неусогласеност со единствена цел создавање можности за необјективност , манипулација и поделба на партиски подобни и неподобни. Наместо да го усогласат Законот за просветна инспекција со Законот за инспекциски надзор, Законот за прекршоци  и Законот за административни службеници дадоа приоритет во создавање услови за неспособни директори алатки на Весна Јанеска и ДПМНЕ“ порача Ангеловска.

Зачлени се на нашиот е-билтен