СДСМ за нов скандал на власта: Театарот на Мицкоски продолжува, Наместо истрага, Владата склучила Договор за надзор со ИРД Инженеринг, фирмата за која велеше дека е епски криминал

Театарот на Мицкоски продолжува, Наместо истрага, Владата склучила Договор за надзор со ИРД Инженеринг, фирмата за која велеше дека е епски криминал

„Колку лажни лица има ВМРО-ДПМНЕ и оваа влада на Мицкоски? Премногу. Денеска ќе објавиме уште едно“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

Таа посочи дека ‘Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции со обинувања за ИРД Инженеринг, фирмата надзор за автопатите од страна на Бехтел Енка.

„Ова за ВМРО-ДПМНЕ беше „епски криминал“ „лош надзор“ „сомнителна компанија“. Јавно на прес конференции целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ бараше реакции од Обвинителството , обвинуваа дека оваа фима, ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби и партиски зделки“. Лично Мицкоски зборуваше за „нов голем епски криминал“ и бараше кривична одговорност. Највуваа раскинување на договорот, репреговарање, што ли уште не. Тоа беше ВМРО-ДПМНЕ во опозиција“, рече Кузеска.

Кузеска посочи дека состојбата во врска со однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ како власт е нешто друго.

„Денеска гледаме дека се ова било лага до лага. Денес со истата фирма, ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал, сомнитена, и така натаму владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор. Еве го тој Договор, склучен на 19 септември 2025 година, помеѓу македонски Желеници и ИРД Инженеринг вреден 55 илјади евра. Договорот е за Надзор на изведба на градежни работи за санација на делници од спроведената поедноставена отворена постапка. Наместо истрага – договор. Наместо одговорност – соработка. Ова е врв на политичко лицемерие, театар за јавноста во режија на Мицкоски и ДПМНЕ“, рече Кузеска.

Според неа ‘Додека јавно зборуваат за епски криминал под маса склучуваат договори со истите фирми’.

„Како тоа сите фирми што вчера беа „сомнителни“ стануваат нивни најблиски деловни сојузници? Или ВМРО-ДПМНЕ свесно ги лажела граѓаните или сега тие се влезени во гуша до епскиот криминал, треато нема. Со оваа власт, лагата стана државна политика“, рече портпаролката на СДСМ.

СДСМ бара, Мицкоски јавно да излезе и да им се извини на граѓаните за сите негови лажни изјави, а Николовски да одговори зошто е склучен договор со ИРД ИНженеринг.

Зачлени се на нашиот е-билтен