„Се чувствувам како будала“: Мирослав Лајчак по објавата на пораките со Џефри Епштајн

„Се чувствувам како будала“, изјави Мирослав Лајчак во интервју за Радио Словачка, откако поднесе оставка од позицијата советник за национална безбедност на премиерот Роберт Фицо, по објавата на американски документи со пораки меѓу него и Епштајн од 2018 година.

Лајчак, кој во тоа време бил министер за надворешни работи на Словачка, во пораките – како што пренесува Euronews – разговарал со Епштајн за дипломатија и жени, а во една размена напишал: „Зошто не ме поканиш на овие игри? Јас би ја земал девојката ‘MI’“

По оставката, Лајчак за Радио Словачка рекол дека покажал „лоша проценка и непримерна комуникација“, додавајќи дека денес, кога повторно ги чита пораките, се чувствува „како будала“ . Во истото интервју, пораките ги опишал како „ништо повеќе од суетни машки ега во акција – самозадоволно машко надмудрување“ и нагласил: „Немаше девојки… фактот дека некој комуницира со сексуален предатор не го прави сексуален предатор“

Лајчак објаснил и зошто воопшто влегол во таква комуникација, велејќи дека тогаш го гледал Епштајн како „вреден контакт што може да отвори многу врати“ . Euronews наведува и дека локални медиуми објавиле оти Лајчак на почетокот негирал дека разменувал пораки за жени и рекол дека не може да ја потврди или демантира автентичноста поради изминатото време, пред подоцна да даде поопширна изјава.

Зачлени се на нашиот е-билтен