Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се множат доказите дека сертификатот за познавање на анлгискиот јазик на директорот на АНБ Христовски е фалсификат

Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затвор од по четири години на почетокот на месецов бидејќи кога конкурирале за позицијата, како доказ за познавање на англиски јазик, приложиле ТОЕФЛ-сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО. ЛТД“ од Пловдив, Бугарија. Тоа е истото правно лице од каде потекнува и ТОЕФЛ-сертификатот на неодамна избраниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, објави денеска порталот 360 степени.

„360 степени“ имале увид во пресудите на двете директорки за кои бил отворен судски предмети кои завршиле со признание на вината кога предметот стигнал на суд.

На 14 февруари, укажуваат од 360 степени, Министерството за внатрешни работи предводено од Панче Тошковски, тогаш како министер во техничката влада, соопшти дека Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ за двете, во тој период. осомничени дека набавиле лажни сертификати за да аплицираат за работни позиции во јавни установи.

И сертификатот на Христовски е од истата година, кога биле набавени сертификатите на двете директорки.

Целата сторија на 360 степени е на линкот со наслов: Две директорки осудени за лажни сертификати од истата фирма од каде е и сертификатот на директорот на АНБ Бојан Христовски

Зачлени се на нашиот е-билтен