Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се очекува првите ослободени заложници на Хамас да бидат жени и момчиња тинејџери

Во првото ослободување на заложниците на Хамас, држени во Газа, закажано за петок попладне по локално време, ќе бидат ослободени 13 жени и деца, според портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид  ал-Ансари.

Ал-Ансари не можеше да даде детали за тоа кои се заложниците, ниту пак можеше да даде детали за рутата по која би можеле да поминат поради безбедносни причини. Сепак, многу од првите 50 заложници се очекува да излезат преку Египет, пренесува Си-Ен-Ен.

Израелската влада соопшти дека нивните семејства и семејствата на заложниците кои нема да бидат ослободени биле известени. Ал Ансари откри и дека заложниците од исти семејства ќе бидат ослободени заедно во првата група.

Во меѓувреме, израелски официјален претставник изјави за CNN дека вкупно 39 палестински затвореници ќе бидат ослободени во петок како дел од договорот.

Времето на ослободување е неизвесно, но израелскиот официјален претставник рече дека затворениците нема да бидат ослободени додека заложниците од Газа не се вратат во рацете на Израел.

Затворениците ќе бидат однесени од два затвора – Дејмон и Мегидо, и двајцата југоисточно од Хаифа – и ќе бидат однесени во затворот Офер, јужно од Рамала на окупираниот Западен Брег, на конечни проверки од Црвениот крст.

Ослободените затвореници се очекува да бидат сочинуваат жени и машки тинејџери на возраст до 18 години.

ЦивилМедиа

Најново