Се очекуваат и афтершокови по силниот земјотрес во Атина

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ja погоди Евија денеска во 12:27 часот, а беше почувствуван и во Атина, каде предизвика вознемиреност.
Се очекуваат и афтершокови по силниот земјотрес

Според првичните податоци на Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот се наоѓа 4 километри северозападно од Неа Стира, а хипоцентарот бил на длабочина од 2,3 километри.

Професорот по геологија и претседател на Организацијата за антисеизмичка заштита на Грција (ОASP), Ефтимиос Лекас, за ЕRTnews изјави дека регионот каде што се случил земјотресот важи за „асеизмичко подрачје“ и дека станува збор за област кој не произведува големи земјотреси, за разлика од соседната кај Каристос.

Сепак, Лекас предупреди дека во текот на ноќта се очекуваат афтершокови со јачина до околу 4 степени според Рихтеровата скала.

Зачлени се на нашиот е-билтен