Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се одржа Форумот за „Зелени хоризонти: менување на патувањето преку еко туризам

На тема: „Зелени хоризонти: менување на патувањето преку еко туризмот“, денеска во Скопје се одржа 5. Форум за екотуризам преку регионални практики.

„Туризмот претставува моќна економска гранка која може значително да придонесе во стабилизирање и раст на македонската економија во следната декада. Екотуризмот како посебна туристичка форма може да го стабилизира еколошкото еродирање во Македонија, да помогне во подигање на еколошката свест, изградувајќи генерации оспособени да создадат локален економски развој“, соопшти организаторот на Форумот, Здружението на граѓани за екологија, туризам, органско производство „Еко туризам“.

На Форумот учествуваа, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија и претседател на ИКТ Комора, Орце Симов, професорот Љупчо Јаневски, претседателката на хрватската асоцијација за туризам и рурален развој „The Village Membership Club“, Дијана Катица, потоа професорот на Универзитетот Нови Садм Владимир Стојановиќ, и други истакната професори и претставници на невладини организации.

Зачлени се на нашиот е-билтен