Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се одржа првото рочиште за судењето на Гершкович во Русија, следното закажано на 13 август

Во Русија денеска се одржа првото рочиште од судењето на американскиот новинар Еван Гершкович, обвинет за шпионажа, кој беше изведен пред Регионалниот суд во Свердловск во Екатеринбург.

Се одржа зад затворени врати, а на судењето присуствуваа генералниот конзул на САД Стјуарт Вилсон и вицеконзулот на американската амбасада во Руската Федерација Мајкл Дарбинјан, пренесуваат руските медиуми.

По сослушувањето, прес-службата на судот соопшти дека Регионалниот суд во Свердловск ќе продолжи да го разгледува случајот на новинарот на Волстрит џурнал на 13 август. 

Зачлени се на нашиот е-билтен