Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се огласи јапонската компанија чии воки-токи уреди експлодираа во Либан – Не ги произведуваме од 2014 година


Бран експлозии вчера го погодија Либан, еден ден по големите пејџер експлозии во кои загинаа 12 лица, а илјадници беа повредени.

Во вчерашниот напад експлодираа воки-токи на борците на Хезболах, како и соларни панели на куќите. Во новите експлозии загинаа 20 луѓе, но бројот може да се зголеми. Повеќе од 450 се ранети.

Се поставува прашањето од каде се воки-токи уредите.

Јапонската „ICOM“ објави дека моделот на нивните воки-токи уреди поврзани со експлозиите во Либан е прекинат пред една деценија и дека не може да утврди дали се фалсификувани или се испорачани од нејзината компанија, пишува „N1 Загреб“.

„IC-V82 е рачно радио кое се произведуваше и извезуваше, вклучително и на Блискиот Исток, од 2004 до октомври 2014 година. Беше прекинато пред приближно 10 години и оттогаш не беше испорачан од нашата компанија“, соопштиле од компанијата во изјава.

Компанијата објави дека е суспендирано и производството на батерии во уредите и дека „нема вграден холограмски печат за да се идентификуваат фалсификуваните производи, така што не е можно да се потврди дали производот е испорачан од нивната компанија“.

„ICOM“ соопшти дека сите нејзини радија се произведени во префектурата Вакајама под строг надзор за да се осигура дека во производот не се користат никакви делови освен оние што ги специфицира компанијата.

„Сите наши радија се произведуваат во иста фабрика и ние не ги произведуваме во странство“, се вели во соопштението.

Исто така, било наведено дека производите за прекуокеанските пазари се продаваат исклучиво преку овластени дистрибутери и дека се спроведуваат „строги контроли на извозот“ врз основа на владините прописи за трговска безбедност.

Зачлени се на нашиот е-билтен