Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се подготвува договор за соработка меѓу Иран и Русија во областа на одбраната

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили Мохамад Багери објави дека се подготвува договор за соработка меѓу Иран и Русија, пренесоа иранските медиуми. 

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се сретна во Техеран со Багери, кој придава значење на зајакнувањето на нивните билатерални односи, пренесе БТА.

-Односите меѓу Иран и Русија се прошируваат, а меѓусебната соработка добива нови димензии, рече тој.

Според него, светските настани покажуваат дека ерата на униполарниот свет е завршена и дека структурата на меѓународниот систем се менува во мултиполарен свет.

Рускиот министер за одбрана, пак, изјави дека посетата е реализирана со цел да се прошират врските во областа на одбраната за прашања од заеднички интерес. Тој рече дека Иран е подготвен да помогне во решавањето на споровите меѓу Ерменија и Азербејџан.

Функционерот ја истакна потребата од воспоставување соработка во областа на образованието и размената на студенти, а повика и на заеднички воени вежби. 

Извор МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен