Се подготвува нов закон за граѓанските организации, здруженијата и фондациите

Министерството за правда, заедно со работна група составена од претставници на повеќе мрежи на граѓански организации, подготви нов Предлог-закон за здруженија и фондации, со кој се најавува нов пристап во државната поддршка на граѓанскиот сектор.

Според најавите, новото законско решение има цел да ја унапреди рамката за работа на граѓанските организации, да ја подобри транспарентноста и да овозможи појасни и пофер механизми за државна поддршка.

Нацрт-текстот на законот е објавен и е отворен за јавни коментари преку Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР), каде заинтересираните граѓани и организации можат да достават свои забелешки и предлози до 29 јануари 2026 година.

Од Министерството за правда посочуваат дека јавната консултација е важен дел од процесот, со цел законот да ги одрази реалните потреби на граѓанскиот сектор и да придонесе кон негов развој и одржливост.

Зачлени се на нашиот е-билтен