Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изјави дека е многу загрижен за најновиот конфликт меѓу Тајланд и Камбоџа
Портпаролот на ОН, Стефан Дијарик, пред новинарите изјави дека Гутереш ги повикува Тајланд и Камбоџа да сторат сè што можат за деескалација на ситуацијата и да се вратат на договорот постигнат во октомври, објавува Ројтерс.
Двете земји меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот за прекин на огнот, посредуван од американскиот претседател Доналд Трамп.
Министерството за одбрана на Камбоџа го обвини Тајланд за најновата ескалација на конфликтот, велејќи дека тајландските сили утрово започнале напад врз камбоџанските трупи во пограничните области.
Бројот на жртви во новата војна расте: мртви, подигнати и се бројат борбени авиони
Тајландската војска соопшти дека воздушните напади биле започнати откако еден тајландски војник бил убиен, а четворица биле ранети во судирите по должината на нестабилната граница меѓу двете земји.

